Од 31.03.2023г. до 02.04.2023 г. КБК Енерџи од Битола учествуваа на
европски куп во Белград на Србија Опен, како дел од македонската Кикбокс и Маи-Таи делегација. Нашите учесници од Битола настапуваа со три борци и тоа:

Марија Димовска настапи во дисциплините Lowkick на ринг и го освои првото место во категорија +60 кг , во борба со домашна натпреварувачка Марија настапи како помлад јуниор.

Бојан Ристевски како јуниор во
Kicklite дисциплина го освои третото место.

И Филип Талевски како сениор во
Lowkick на ринг на 63.5 кг
истотака трето место.