По апелот на социјалните мрежи од страна на здружението „Рилука“, дека детенце кое е член на нивното здружение, има хидронефроза на лев бубрег, односно стеснување на мочните канали и му е потребна финансиска помош за цистографија, менаџментот на Болница Плодност предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, одлучи дека интервенцијата за детето ќе биде извршена бесплатно.

Цистографијата, која се прави во Болница Плодност е без зрачење, за разлика од државните клиники, каде истата се спроведува, но со зрачење кое не е препорачливо за деца.

За здрава иднина на нашиот мал сограѓанин.