„Сонувајќи ја природата“

Природата како извор на инспирација и мотив за нешто убаво, секогаш е примарна но и трајна основа кај голем број уметници и творци од различни дејности.
Во проектот „Сонувајќи ја природата“ од ликовниот уметник Стефан Малбашиќ, ќе биде презентирана природата во најубавиот сегмент. Односно преку убавината, нежноста и привлешноста на цветот, уметникот ќе не прошета низ полињата и убавините на Кенија.
Целата изложба и дела авторот ги црпи од неговиот престој во Кенија. Магепсан од убавините на природата и цвеќето како симбол на мир, убавина, нежност, невиност, посебно во бела боја, со својата уникатност на опстојување само во таа земја, го плени авторот и го мотивира да се искаже на платно.
На изложбата ќе бидат презентирани 15 до 20 уметнички дела, акрил на платно.
Во склоп на проектот ќе се реализитаат и едукативни активности кои покрај презентативната улога, уште повеќе ќе ја популаризираат современата уметност меѓу младите а и пошироката публика.