Денеска во Битола СОЗУ Кузман Шапкарев пушти во употреба целосно дигитализирана метеоролошка станица, во која учениците ќе собираат климатски податоци регионот кои се од важност за училишното стопанство. Податоците ќе бидат корисни и за локалните производители, со цел подобрување на земјоделските практики.