Дали личните битолски моми, кои ги споменувате во песните, реално постоеле?

– Сите мои песни беа инспирирани од животни приказни за Битола. Во дуќан под Камен мост, кај куќата на браќата Манаки, кои ми беа блиски пријатели, со кои јадев и пиев, работев како бербер. Таму си заљубив едно девојче, Стојна се викаше. И таа беше сираче, како мене, беше слугинка во чикмакот. Се сакавме многу, но бидејќи двајцата бевме сиромашни, не бидна работата. Но, остана песната.

Првите битолски Вибер стикери

(Објавено во „Дневник“, бр. 3620 од 17.III.2008г. Жанета Здравковска)

Доста, доста лично ле Стојне

Доста, доста лично ле Стојне
слугинче слугуваш,
слугинче слугуваш ле Стојне
секого дворуваш.

Ајде, ајде лично ле Стојне
бегај ти за мене
бегај ти за мене ле Стојне
јас страдам за тебе.

Не можам, не можам бре лудо
ништо јас немам
сираче сум јас пораснало
без мајка и без татко.

Ништо не ти сакам ле Стојне
засакај ме од срце
љубовта е скапа ле Стојне
најсакана до гроба.