Учениците од текстилната насока на СОУ Таки Даскало од Битола со нивната креативност пријатно ги изненадија сите присутни во Болница Плодност од Битола.

Овој пат тие направија рачно изработени постелнина и дизајнирана облека за новата принова, малите бебенца Тара и Миа.

Од болницата изразуваат голема благодарност за нивната иницијатива и труд што за нив има особено значење.