Уште еден врвен ракометен интернационалец, кој од минатата година го носи дресот на Еурофарм Пелистер, стана татко во Битола, а неговата принова дојде на свет во Болница „Плодност“. Босанскиот интернационалец Јосип Периќ, заедно со неговата сопруга Кристина, се среќни родители, кои сега го имаат малиот Ивано, нивно прво дете.

Среќниот татко истакна дека неговото семејство се чувствува одлично. Малиот Ивано се приспособува на домашните услови, по престојот во Болница „Плодност“.

„Навистина сум презадоволен од условите во болницата и начинот на нега и третман кон мојата сопруга и кон нашето бебе. Се помина во најголем ред благодарение на гинекологот д-р Марија Христовска и анестезиологот д-р Филип Трајковски , а покрај сопругата постојано беше љубезниот и грижлив медицинскиот персонал“, посочи Јосип Периќ, кој сега има и своја трета голема љубов и радост, покрај неговата сопруга и ракометот.

Јосип Периќ од крајот на април минатата година го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој е репрезентативец на својата земја Босна и Херцеговина, а во Битола дојде од бундеслигашот Гелингем.

На среќното семејство Периќ им посакуваме добро здравје и уште многу животни успеси, заедно со нивниот Ивано.