Сабота на 23-ти Март со водичи од
планинарското друштво од Битола ПСПК 7-ми Мај Битола Поаѓање 10.00 ч од кај Авионите, поранешна касарна. Се движиме по земјен пат, отприлика 2.5км до манастирот Св. Атанас место викано Смолево. На местото има чешма и клупи за одмор. Враќањето е по земјен пат но во Друга насока, кружно повторно до местото Авионите. Се надеваме дека ова ќе прерасне во традиција во чест на Благојче, во пресрет на датумот на неговото раѓање, 27 ми март. Да му е вечен
споменот!

Битолчанецот Благојче Илиевски Ѕвончарот боледуваше од цистична фиброза и од државата не ги доби потребните лекарства заради што и почина на 7.02.2023 г.. Еднаш рековме, ќе речиме и пак: Благојче прости ни, ова никогаш не била држава ниту ќе биди некогаш …