После историското гостување во Полска во натпреварот против Киелце каде Чкембари забележаја уште едно европско гостување и одлично ги претставија Битола и Пелистер, ни следува последна утакмица од оваа магична полусезона за Чкембари и последна надеж дека ќе освоиме барем бод во кои сите веруваме дека е заслужен.

Пофалбите за самата атмосфера од еминентните ракометни лица нека биде поттик за уште една одлична навивачка фешта, да му докажиме на цела Европа, дека клубот се бодри и кога си декласиран од секого, кога си отпишан од старт.

Не ја пропуштај можноста да си присутен и на ова последно чкембарско издание за оваа полусезона.
Јасна порака до сите: БИДЕТЕ ДЕЛ ОД КЛУБОТ И КОГА Е ОТПИШАН, БИДЕТЕ СО НЕГО ДУРИ И КОГА ЈАСНО Е СЕ!!!

СОБИР: Офицерски, 17:30ч.
Одиме јако уште еднаш, после то следува долга зимска пауза.
Собери ја екипата, биди на трибината!!!