Портпаролот на Клиничката болница во Битола, Сузана Коневска денеска информираше дека ургентното одделение во битолската болница имаше полни раце работа за новогодишната ноќ.

-Одделението од Ургентна медицина имаше многу работа во новогодишната ноќ, има околу 60 прегледи од кои 10 пијанства, меѓу нив и малолетни деца, имаа напорна ноќ. Имаше и една сообраќајка, помина со лесни телесни повреди, пациентката не е хоспитализирана. Другите интервенции се претежно со висок крвен притисок, хронични васкуларни заболувања, изјави Коневска.

Тера.мк