За нас навистина си посебен. За нас си вистински борец кој секојдневно како лав се бори со предизвиците кои ги носи животот. Со високите тротоари, со недостатокот на места за полнење на твојот електричен скутер и непостоењето на ниту една велосипедска патека, со сѐ што се соочуваш во твојот живот на патот од Лавчанска населба по Партизанска, Широк Сокак до Сато и назад.

3-ти декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

Ти си за нас посебен. И како таков секогаш ќе останеш. Секогаш и во секое време за тебе ПЕЦКА, го знаеш ти тоа и самиот. И ти и сите други кои живеат заедно со нас, нека биде ова една мала почит за сите вас.