Охридските рокери The Backdoor Band го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како “Зајко”

Песната е настаната пред 10 – тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и неговиот “рокерски” начин на живот.

Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.

Задолжен за снимање на аудиото, микс и мастеринг беше Ивица Јанкуловски во неговото студио “Алшар”.

Видеозаписот е сниман на локации во Охрид, а го снимаше и обработи Бојан Симјаноски.

Голема благодарност од бендот изразија до СУ Холдинг и клубот Рокенрола, како и до сите учесници во реализација на овој проект.