Во текот на вчерашниот ден е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи при што еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Органите се донирани од фамилијата на прерано починат млад битолчанец по потекло од Новаци, за што од Министерство за здравство упатија огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.

Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку четири животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје,

Нека ова донирање биди еден пример за сите нас и нашите фамилии бидејќи ова е и еден начин кога животот за жал е немилостив кон еден хуман човек кој не престанува туку продолжува да живее благодарејќи на неговото семејство и помагајќи му на неколкумина други.

Почивај во мир Пеце Аврамовски