СЕ ОЧЕКУВА ВО БИТОЛА ДА ПРИСТИГНАТ ПОВЕЌЕ РЕНОМИРАНИ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ФИЛМСКИ ТВОРЦИ МЕЃУ КОИ ВЕЉКО БУЛАЈИЌ, БАТА ЖИВОИНОВИЌ, ЉУБИША САМАРЏИЌ, БОЖИДАРКА ФРАЈТ И ДРУГИ БИТОЛА, СЕПТЕМВРИ.

Bo Битола по трет пат од 25 до 27 септември, во чест на делото на првиот снимател на Балканот – Милтон Манаки, ќе се одржат традиционалните „Манакиеви средби”, на кои ќе присуствуваат, поголем број југословенски филмски и ТВ-филмски снимателни. Организациониот одбор под претседателство на Ацо Петровски на, својот последен состанок ја дефинира програмата на која се очекува да присуствуваат и најреномирани југословенски филмски творци меѓу кои Вељко Будаиќ, Бата Живојиновиќ, Љупик, Божидарка Фрајт и др.

На 25 септември во спомен-домот на Милтон Манаки ќе биде одржан разговор на тема „Придонесот на камерата во филмското творештво”. Уводен реферат ќе поднесе проф. д-р. Милан Ранковиќ од Загреб. Во 19 часот ќе биде отворена изложба на тема „Југословенскиот филм за НОВ”.

На оваа изложба што јаорганизира Институтот за филм на Југославија, ќе бидат изложени повеќе фотографии, низ кои ќе биде даден пресек на филмското творештво со тематика од НОВ и социјалистичката револуција и изградба. Истиот ден во 20 часот ќе биде прикажан кусометражниот филм на Столе Попов „Добро ни дојдовте” и играниот филм на Вељко Булајиќ ,,Висок Напон”. Снимател на овој филм е Бранко
Блажина – кој што е прогласен за доајен на југословенските ка
мермани на третите „Манакиеви
средби”. Во наредните денови во Битола ќе бидат прикажани и играните филмови Бановиќ Страхиња”, „Црвениот кон”, „Падот на Италија” „Само еднаш се љуби”, „.Доротеј” и „Се сеќаваш Доли Бел”.
Во рамките на манифестацијата „Мојата најдрага камера“ ќе бидат прикажани десетина кусометражни филмови по избор на самите камермани, кои ке присуствуваат на манифестацијата. Предвидени се и повеќе разговори и средби за југословенското филмско творештво со посебен акцент на камерманите, кои во спомен на Манаки се собираат во градот во кој што тој најдолго живеел и творел и каде што ги крунисал своите најголеми снимателски дела.

П. Ставрев