ПОРТРЕТИ НА ИСТАКНАТИ УЧЕНИЦИ ТАЛЕНТИРАН
МАТЕМАТИЧАР

Во ЦОУ,,Горѓи Сугарев” има голем број ученици кои покажуваат одличен успех по предметот математика. Еден од нив е Борче Маслинко, ученик во VI-I одделение. Иако прилично млад, тој со леснина и со голема прецизност ги решава и најтешките математички задачи. Ти сакам сите предмети, но математиката е мојата најголема љубов,-ни рече Борче.

Претплатен сум на републичкото списание на младите математичари, „Нумерус” и поголемиот дел од слободното време го користам за решавање на задачите што се поместени во ова списание. Особено задоволство ми причинува решавањето на наградните математички задачи што значително се потешки од другите. За успешно решавање на ваквите задачи од ,,Нумерус” сум награден со значка. Одличен успех Борче Маслинко постигнува и по сите други предмети и се вбројува меѓу најдобрите ученици од шестите одделенија. Како го постигнува тоа?



Јас уживам да сум во друштво со
книгата. Откако добро ќе ги научам новите лекции, почнувам да читам некоја интересна книга. Лектирите предвидени за шесто одделение одамна ги имам прочитано, па затоа сега читам други книги. Моментно ја читам книгата ,,Клетници” од Виктор Иго. Книгата многу ми се допаѓа, па затоа по нејзиното прочитување ќе барам други книги од овој француски писател.

Борче Маслинко

Нашиот млад соговорник не запозна и за едно негово хоби. Од поодамна, со помош на мојот
татко, собирам марки, стари пари и значки. Од сите овие предмети можат да се научат многу интересни работи, па затоа на моите врсници им препорачувам и тие да ги собираат. На крајот од разговорот малиот Борче ни ја откри неговата најголема
желба. Тој сака да стане електроинженер. Му посакуваме желбата што поскоро да му се оствари.

Извор Битолски Весник