Тој ден учениците Панде Димитров и Ѓорѓи Петров се вракале од училиште. Како и обично. Учат во III одделение во осумгодишното училиште ,,Стив Наумов. Нив сите
ги познаваат како примерни деца и одлични ученици. И вракајки се така од училиштето, некаде на патот забележиле мала
ташна. Не сакале да ја отворат и ја однесле дома. На татко му на Пандета му ја дале и му објасниле
како „дошле” до неа. Тогаш татко му на Пандета ја отворил. Внатре имаше 6.000 диоари повеке важни
документи и други нешта
од интимата на сопственикот. Од нив јасно се виде (од личната легитимација), дека станува збор за граѓанин кој живее во При-
леп. Татко му на Пандетa родителот Димитров, веднаш испрати писмо до граѓанинот од Прилеп. Тој веројатно ќе дојде. Или ке побара преку писмо документите да му бидат вратени. И таа негова желба
ќе му се ипсолни, зашто, неговите документи паднаа во сигурните раце на поштените битолски ученици.

Панде Димитров и Ѓорѓи Петров

Вредноста на пронајдената чантичка не е голема. Меѓутоа односот на учениците Панде и Ѓорѓи кон неа, тоа е нешто мно-
гу поголемо. И повредно. Тоа заслужува јавна пофалба. Пофалба заслужува и родителот Димитров.

Битолски весник, непозната година