НОСТАЛГИЈА за едни убави и незаборавни времина.
СЕЛСКИ односно ГРАДСКИ ВЕЛИГДЕН

Најголема провинција на Отоманска империја беше Румелија. Нејзин главен административно-управен и воен центар беше Манастир. Битола во XVI век, а осебно во XVIII и XIX започна масовно да се населува со христијани од околните Битолски села. Тие претежно се населувале во долниот дел од градот. Турците на новонастанатото маало му дале име „ЈЕНИ МААЛО“ што во превод значи „НОВО МААЛО“. Тоа започнало перманентно да се зголемува и со текот на времето станало најголемо и најгусто населено Битолско маало. Меѓутоа, христијаните кој се населувале со себе го „донесле“ својот менталитет и начин на живеење. Имено, тие градејки ги своите куќи, пред портите ставале големи камења на кои во вечерните часови се одмарале, раскажувајќи за секојдневната тешка земјоделска работа. Но, исто така, тие оставале широк простор околу нивние куќи кој им служел за поголеми собири и прослави. На тој начин со текот на времето се формирало таканареченото „СРЕДСЕЛО“. Исто така, населението кое се доселувало со себе ги „носело“ и своите ХРИСТИЈАНСКИ и ВЕРСКИ ОБИЧАИ. Така, секоја фамилија имала своја СЛАВА која го носела името на некој СВЕТЕЦ. Но, заеднички за сите бил празникот Источен Петок БАЛАКЛИЈА или така наречениот ГРАДСКИ, односно СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН.

ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА

Источен Петок – БАЛАКЛИЈА е православен верски празник кој се слави во четврток и петок, по ВЕЛИГДЕН. Имено, пред повеќе од еден век, по ВЕЛИГДЕН во четврток, гостите од околните битолски села доаѓале во црквата „СВЕТА НЕДЕЛА“ во Битола. Тие присуствувале на вечерната служба. Потоа прославата продолжувала во дворот на црквата. На тој голем народен собор се пеело и играло до раните утрински зори. Петокот, по одржувањето на утринската служба за празникот Источен Петок БАЛАКЛИЈА верниците со зурли, тапани и др. по ул „Прилепска“ продолжувале кон Битола, во населбата „ГЕНИ МААЛЕ“ на „СРЕДСЕЛО“. Гостите за ручек оделе кај добронамерните и гостопримливи генимаалски роднини и пријатели, а на „СРЕДСЕЛО“ се продолжувало со играње ора и пеење песни до вечерните часови. НАРОДОТ-БИТОЛЧАНИТЕ, биле многу среќни и весели. Подоцна ова традиционално празнување стана пракса и секоја година се одржувало во Битолското „ГЕНИ МААЛЕ“.

СЕЛСКИ односно ГРАДСКИ ВЕЛИГДЕН

Граѓаните овој празник го нарекувале СЕЛСКИ ВЕЛИГДЕН зато што доаѓале гости од селата, а гостите од селата го викале ГРАДСКИ ВЕЛИГДЕН бидејки оделе во градот на гости.
г.ЧЕЗИ и ДИФТИЦИ
Гостите кои имале роднини во „ГЕНИ МААЛЕ“ доаѓале во четвртокот на ЧЕЗИ. Седиштата на чезите беа украсени со ДИФТИЦИ во црвена, жолта, портокалова и друга боја.

10 000 до 15 000 гости

Локации каде се одржувала прославата биле местата наречени „ДОЛНО и ГОРНО СРЕДСЕЛО“. Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, на овој ден, од 10-19 часот кога се одржувал овој панаѓур во „Гени Маале“ на именуваните „СРЕДСЕЛА“ се пеело и се играле без престанка по неколку ора, а народот бил многу среќен и весел. Во тој временски период во „Гени Маале“ на тој ден имало од 10 000 до 15 000 гости од околните Битолски села, но и од градот Битола. По улиците: „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Цветан Димов“, „Браќа Миладиновци“ и др. – „ВРИЕШЕ КАКО ВО КОШНИЦА“ од гости. Продавачи на: детски играчки, топчина од разнобојна хартија со ластика (полни со трици од дрва), јаболка полиени со црвен шеќер и др. на секој чекор. На легендарното Генималско фудбалско игралиште „КАЈНАК“ беа монтирани точаци за најмалите, но и за возрасните кои вртеа во круг. Ни на една друга, било верска, културна или спортска приредба во Битола немало толку голем број на присутни граѓани.
ЕДНИ УБАВИ И НАЗАБОРАВНИ ВРЕМИЊА

Денес, состојбата е повеќе од „ЗАГРИЖУВАЧКА“.Слободно ќе речам ЖАЛНА. Поточно, „СИМБОЛИЧНО“ дел од обичајот сега се одвива на ДОЛНОТО СРЕДСЕЛО во „Гени маале“. Имено, Играорното друштво „ИЛИНДЕН“ од Битола има минимален настап пред мал број на присутни граѓани. На тој начин повозрасните ќе се потсетиме и на помладата Битолска популација ќе им раскажиме за тие УБАВИ И НАЗАБОРАВНИ ВРЕМИЊА.

Каде се тие БИТОЛЧАНИ ?

Се поставува прашањето каде се тие БИТОЛЧАНИ ?. Одговорот е следниот: Ако застаниме на средината од ДОЛНОТО СРЕДСЕЛО и ако погледаме на ЗАПАД ќе ја видиме „БАБА“ планина и нејзиниот врв ПЕЛИСТЕР и, и асоцијацијата ме упатува оговорот да го побарам далеку илјадници километри од родниот крај преку Атланскиот океан, во АМЕРИКА и КАНАДА. Ако пак главата ја свртиме на ИСТОК ќе го видиме огромното-недогледно ПЕЛАГОНИСКО ПОЛЕ, „НИЏЕ“ планина и врвот КАЈМАКЧАЛАН и мислите ми лутаат во уште подалечната АВСТРАЛИЈА. И, ако погледаме на СЕВЕР ќе ја видиме планината „БИГЛА“ и нешто ми зборува за „ладните“ ШВЕДСКА, ГЕРМАНИЈА и другите Западно Европски држави.

БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА

Битолчани-БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА има голем авторитет во погоре именуваните држави. Некои од нив се угледни и авторитетни граѓани на именуваните земји, а поголемиот број трудољубиви и чесни граѓани. Меѓутоа, Битола, Битолските маала и „Гени Маале“ се полу празни, а Битолските села пусти, со разурнати куќи и без население.

БОЛКА и ГОРЧИНА во ДУШАТА

Битолчаните во Дијаспората жалат за Битола и имаат голема ГОРЧИНА во ДУШАТА, но и Битола, Битолските маала и „Гени Маале“ жалат за своите деца. Знам дека „БОЛИ“, но ВИСТИНАТА Е ТАА.

УКАЖУВАЊЕ
Укажување: НОСТАЛГИЈА е грчки збор и значи: голем, неодолив копнеж за родниот крај, за сејменото огниште, копнеж по нешто што воопшто ни било мило.

Стефан Чекутков