Световно име Никола Трајков , роден 1912 година во Битола, се упокоил 1979 година , погребан во Црквата Света Богородица ! Има завршено правен факултет и работел како професор по историја во гимназија ( денешна Јосип Броз Тито ) , и судија во Народниот суд на општина Битола. Тој е прв македонски митрополит на Преспанско – битолската епархија , прв архијереј во Битола и потписник на Соборската одлука за обнова на афтокефалниот статус на МПЦ во 1967 година. Имал фантастична меморија и енциклопедиско знаење за детаљи од историски настани и речиси го знаел родословието на голем број битолски фамилии. Бил одличен педагог и омилен кај своите ученици.

БАБАЧЕ како што беше познат во својот град ,почитуван и сакан од своите сограѓани поради скромноста и блискоста со луѓето ,остави длабок печат во минатото , затоа не смееме да го заборавиме.

П. С. Имав чест да го запознам некаде 1970 година, тој како пациент а јас како млад лекар во неговата резиденција во Митрополијата. Ми остави силен впечаток со својата скромност, едноставност и топлина во однесувањето. Седеше покрај каминот во кој гореа дрва а тој наметнат со едно Громби палто ( откако ме праша каде сум мажена) , ми ја кажа целата историја на фамилијата Петровски.

НЕКА ВИ Е ВЕЧЕН СПОМЕНОТ ВЛАДИКО КЛИМЕНТ !

АНАСТАСИЈА КОКАН ПЕТРОВСКА