После нашата објава дека некои битолчани самостојно направија фарми за кучиња, членови од највисокото раководство на нашите две најголеми партии ги повторија нивните чекори и го пренаменија затворениот базен во фарма за кучиња, а другите пак интернатот кај м.в. Бела Чешма.

Пресреќен сум!!! Како ни дојде ова како кец на десетка. И така скапа е водата, а уште поскапо нејзиното затоплување за базен, па кој ќе го чека топловодо од РЕК кај шо уште има еден вработен ито Директор, се одлучивме овај простор да го искористиме и да згрижиме неколку бездомни животни. За храна ете тука се нашите млади сили кои чекат работа за во државно па нека се докажат и вака, 20.000 денари сигурни ко ќе ги вработиме не му бегат…изјави пред нас еден од та партија кој со прстот се буричкаше во носо и фрле нешто непознато и тркалезно во далечина. Да се надеваме дека на CSI после овај прилог нема да му отвориме работа.

Самите граѓани на Битола се нашата најголема инспирација. Тоа тие шо го прават мораме ние исто да го направиме да не останиме покусо. Можеби не е во нашата програма, ама овај некогашен интернат кај Бела Чешма сега е сопственост на наш верен и лојален партиски член и од срце, се разбира, за некоја иљадарка евра кои ќе ги поделиме, ќе го подари овај простор кој ќе го направиме фактички интернат за бездомни животни кој ќе биди со доручек, ручек и вечера. А можи и десерт, синкир цел живот ќе.сме на власт. Нас народо не одбра и искрено буквално се отепавне од шетање, јадење и пиење по кафани. Неизбежно ни беше дури и сирењето со смоква да го пробаме, па зошто да не уживаат како нас и бездомните животни, гласен беше еден од актуелната власт кој му го спопика машки на сите и дрма низ градо по кафани со Хајнекен мало и по малце бело.

Ова е уште еден пример каде кога се сака сѐ се можи! Дека за секој проблем можи да се најди решение и така да се помогне тогаш кога на граѓаните им е најмногу најпотребно. Можеби ќе летнат отпоќе пари на граѓаните и ќе помини доста време, сепак надежта е таја која последна умира актуелна со зборовите „Наскоро…”


Текстот е измислен и дел од забавната рубрика ЛабавО и повеќе е саркастичен за состојбата во која за жал сите се наоѓаме, додека ликовите во него се направени според вистински личности.