Нашата битолчанка Евгенија Дивитарова освои 3-то место на 43-та по ред МАКИНОВА Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеи, нови производи и технологии, истражувачки проекти и младинско творештво која се одржа во Дом на АРМ, Скопје.

МАКИНОВА е манифестација каде што младите иноватори традиционално ги презентираат своите модели, идејни решенија, истражувачки проекти кои беа презентирани пред стучна комисија која е составена од еминентни професори каде нашата Евгенија се престави со нејзината ЦНЦ ласерска машина за која имаше голем интерес.