„Царица“ во Битола, „Плочка“ во Скопје, „Куцана“ во Охрид, eдна игра со различни имиња ги врати жителите на овие градови во детството. Бимилк со Моја кравица направи интересно истражување поврзано со тоа колку секој од нас сака да го разбуди детето во себе.

Играта беше поставена на фреквентни места и процентот на случајните минувачи што потскокнаа на играта покажува колку во секој од нас се крие дете.
Процентуално изразено 74% од минувачите во Скопје потскокнаа во детството, во Охрид 58% се потсетија на „куцана“, а 45% од битолчани се осмелија да изиграат „царица“.

„Поттикнати од идејата дека секој од нас со радост се сеќава на детските денови и среќните безгрижни моменти, решивме на граѓаните да им го овозможиме ова патување во детството преку игра и забава. Во оваа намера посегнавме по најчестите асоцијации на детството, чоколадното млеко и највеселата игра – царица во Битола, куцана во Охрид и плочка во Скопје. Со потскокнување на играта и вкусот на чоколадното млеко Моја кравица, ги предизвикавме случајните минувачи да ги научат и нивните деца на некогашните игри и да создадат бесценети заеднички моменти“, велат од Бимилк.

Интересни беа коментарите на учесниците, за секој од нив оваа игра е одлично потсетување на безгрижното детство и дека ја подзаборавиле бидејќи се помалку се игра. Една од идеите на кампањата Моја кравица „Биди дете“ има за цел да ги потсети родителите на некогашните игри на отворено и да ги поттикне истите игри да ги пренесат и да ги научат и своите деца, за среќно, здраво и безгрижно детство.