Со изведбата на “Ја излези Ѓурѓо”, петтооделенците од основното училиште Гоце Делчев достојно го крунисаа патрониот празник на нивното училиште и 120 годишнината од смртта на Гоце. На нивниот настап претходеа и други одлични изведби и рецитали во чест на најголемиот македонски син. Учениците на ова училиште пренесоја силна порака како треба да се чува и негува споменот на големиот јунак и како треба да се сака татковината. Во преполната сала на театарот, со овации, морници и солзи беше поздравен настапот на дечињата кои со нивните ментори направија приредба вредна за паметење.