Мариго на Герика, девојката за која е испеана познатата песна „Мариго, Мариго…“. Снимена во атељето на браќата Манаки, во Битола, 1907 година.

„Јас ја познавав Мариго Беака, мајка на истакнатиот адвокат Никола Беака со кого и живееше во Скопје; и на уште еден син кој живееше во Романија. Беше тоа една исклучителна личност: жена мудра, питома и со голема почит во околината, правична и испомафателна. Беше високо почитувана од семејството, од синот Нико, снаата Марика (од семејството Србиновиќ) Бев дете кога со мајка ми одевме во посета кај семејството Беака. Се сеќавам на нејзиниот јасен и силен глас кој го имаше и како старица на поодмината возраст. (Исказ на Томислав Османли, р. 1956 во Битола)”

„Го замолив мојот драг пријател, угледниот адвокат Никола Поленак, ученик во адвокатура на подеднакво исткнатиот Никола Беака, син на Мариго Беака од приказната по повод стариот женски портрет од ателјето на Милтон Манаки – за роденото презиме на Мариго. Тој се зинтересира кај внуката на Мариго и ме информира дека презимето на Мариго мажена Беака не било „Герика“ како што е спомнато во текстот, туку – Р е с н а л и. Значи, се работи за друга личност. Добро е тоа да се знае, за атрактивната фотографија да не ѝ се припишува на погрешна личност. Во секој случај, како вредности откриени на овој убав Фејсбук профил остануваат – сугестивната фотографија на Мариго Герика, приказната за песната и – наративот на извонредната личност, мудрата Мариго Реснали-Беака.

Томислав Османли мај 2023 г.”

Извор Државен архив на Република Македонија одделение Битола.