Денис Васиљев – кружен напаѓач
31.12.1993 во Астрахан

2010-2017 – Динамо Астрахан
2017-2020 – Чеховски Медведи
2020-2021 – Шартр
2021-2022 – Мотор Запорожје
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

Стандарден репрезентативец на Русија, освојувач на три руски првенства и три национални Купа со Чеховски медведи, освојувач на шампионатот на Украина со Мотор.

Денис Васиљев
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола.

Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација.