Жарко Пешевски – кружен напаѓач
11.04.11991 – Скопје

2013-2018 – Металург Скопје
2018-2019 – Мотор Запорожје
2019-2022 – Штутгарт
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2025)

Стандарден репрезентативец на Македонија
Шампион и освојувач на Купот на Украина со Мотор Запорожје

Жарко Пешевски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Искрено, задоволен сум како минаа базичните припреми во Маврово. Се работеше на високо ниво, минимум три-четири тренинзи на ден. Потоа се вративме во Битола, каде нивото на тренинг се намали. Работиме повеќе на тактичко-техничкиот дел, а трчањето е веќе зад нас. Се спремаме за педесеттиот јубилеен турнир во Струга, каде што ќе има многу квалитетни екипи и тоа е идеална шанса да се претставиме во најдобро светло пред двата важни дуели.

Екипата од минатата сезона ја напуштија десеттина ракометари, дојдоа 7-8 новајлии. Повеќе сме спринтерски ориентирани, има многу трчање, нема време за измени. Секој го дава својот максимум, па дури и јас се враќам и играм одбрана, па ако има шанса се менувам. Работиме на високо ниво, имаме одлично темпо и ќе создаваме проблеми на скеој противник.

Бев спремен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè бодри и желен е да го види Еурофарм Пелистер во најдобро издание.