КБК ЕНЕРЏИ од Битола викендот учествува на Европскиот Куп Сараево Опен ’24 со вкупно четири натпреварувачи.

Во вчерашниот ден учество на натпреварувањето зеде Каан Теловски кој за жал загуби во четвртфиналето во неговата прва борба во ринг.

Денес Марија Димовска втора година по ред успеа да го освои првото место заедно со пехарот и медалот. Со убедлива победа и разлика од 3:0 кај судиите ја совлада Јелена Стојановик од Босна. Инаку Марија оваа година се бори во нова тежинска категорија до 60кг.

Утре ќе се натореваруваат Петар Лозановски и Петар Бошески кои имаат по десетина натпреварувачи во своите категории.