Во здраво тело – здрав дух, или како што некои велеле здравиот дух го прави и здравото тело и го поттикнува движењето и спортот да бидат начин во животот на човекот. Илузорно е да се издвојува каде, кога и како започнале првите спортски активности, игри и манифестации, како тие се развивале, зашто тоа се општо познати сознанија, кои ниту пак може да се издвојуваат многуте натпревари што се „вградени“ во гранката, или дејноста Спорт. Доволно е да се споменат атлетиката, кревање товар, борење, џудо, пливање, веслање, бокс, мечување, гимнастика, тенис, велосипедизам, скокови во вода, едрење, ракомет, кошарка, фрлања, кревање товар, борење, мечување, пинг-понг, шах, скокови во вода, искачување на карпи, планини, трчање низ нив, едриличарство, рагби, одбојка, бејзбол, хокеј, ватерполо, алпско скијање, лизгање, јавање, трчање со скии, лизгање со боб, со санки, формула, уметничко лизгање, автомобилизам, мотоциклизам, триатлон, ектремни спортови и низа други подгранки на нив, а можеби наскоро и други, зашто
потребата од спортување е составен дел во животот на човекот.

Физичката способност на човекот му овозможува да биде поспособен од повеќе други животински видови, да преживува во природата, користејќи ги своите физички и умствени способности и да биде посилен од непријателите“, или другите учесници во натпреварувањето, или да се натпреварува со пријателите и за докажување на се она што му е потребно во животот, а во тој контекст забавата и разонодата. Дел од некои такви активности започнаа да му прават задоволство и да го поттикнуваат на споредување, докажување или надминување на способностите. Регистрираните резултати од таквото индивидуално, или колективно одмерување на физичките способности, создаваат многу можности за спортско натпреварување, со својата физичка способност, а и со други помошни средства и реквизити.
Некогаш тие активности биле воени, подоцна религиозни, но денес за многустран доказ и престиж на тие способности. Така сите тие започнуваат да се вбројуваат во една гранка спорт која опфаќа многу други гранчиња, наредени во цели системи врз востановени правила и позиции. Се појавуваат спортисти од љубов на аматерски и професионален
план, затоа и се вели дека не може да се замисли животот без спортски активности на било кој план и за каков бил мотив, или пак дека спортот не е составен дел на човечкиот живот.

Тешко би издвојувале како, каде и во каква форма и димензија се заредиле спортските активности, игри, натпревари, првенства, олимпијади и други форми за натпреварување за што доволно е да се констатира дека нема место на земјината топка каде спортот не е присутен. Постојат регистрации каде и како тој се пројавувал и практикувал, но доволно е да се
констатира дека многу негови гранки се присутни и во нашата средина.

За постигнатите резултати на поединци, екипи, колективи во сите категории пионерски, младински, сениорски, во машка или женска конкуренција меѓу ветерани се постигнувале
резултати и успеси за секакво воодушевување и прославување. Дел од резултатите на таквите постигања не можат да се заборават, станале легендарни, а многу и незаборавни засекогаш. Затоа ова мое „мало“ кратко издвојување на “Битолските спортски легенди” е само обид за почеток, да се регистрираат дел од тие успеси на колективен и поединечен план што не значи дека не треба да се споменуваат и низа други кои го заслужиле тоа, биле сакани и прифатени од средината, а многумина од нив повод и други да тргнат по
нивните примери, по нивната љубов за спортот, не за да ги надминат туку да потврдат дека секое спортување е за пофалба и поттик и за други, да ја најдат смислата на животот и во спортувањето. Речиси сите издвоени во оваа прилика не само што го заслужиле тоа, туку им се во душата и срцето и на сите други што спортувале, се воодушевувале
на нивните постигања или воопшто се вброиле во тие личности што најмалку е да им го дадеме епитетот „Битолски спортски легенди“ зашто биле повеќе од тоа. Честитки за нив, а и останатите што биле регистрирани под овој наслов, или подоцна ќе бидат врамени во некои слични на него.

Петар Ставрев

Во книгата „Битолски спортски легенди“, на 250 страни Б5 формат во кои се набројани 100-тина спортски легенди и тоа Тарзано, Лечкуро, Доле, Чибуко, Бучко, Бујуко, Петето, Аврамо, Жутио, Шијако, Папало, Жване, Фармата, Кусио, Зајако, Србино, Гого, Барбако, Бобеко, Лојзи, Црнец, Попето, Сајкало, Буљата, Штурецо, Штрко, Чипуро, Ричката, Мечката, Бомбардикос, Лаличо, Ѕидаро, Цицеро и многу други, заедно со интригите и случувањата кои беа знаменити за битолскиот спорт во минатиот век.

Доколку има заинтересирани за ова монументално и неповторливо дело, истата можете да ја добиете преку порачка кај авторот на телефон 070 796 104.