Зградата во која беа сместени амбулантите (ДНЗ) и покрај тоа што беше нова и доста голема, не беше доволна за несметано извршување на поставените задачи и проширување дејноста на здравствената установа.
Причина за тоа беше сместувањето во неа, на разни административни служби, кои беа во индиректна врска со здравствените задачи на Поликлиниката, меѓутоа му беа подредени на Поверенството за Народно здравје и Социјална
политика, како на пример, Трудовиот отсек, Социјалните грижи и др. Освен тоа подолго време се чекаше на изградбата на двете странични крила на Домот за народно здравје, кои не беа готови ниту во 1960 година.
Заради тоа, Општинскиот собор на Општина Битола на состанокот одржан на 28.03.1960 година, донесе одлука за задолжување на Одборот со
долгорочен кредит од 13.000.000 динари за доградба на двете крила на ДНЗ Битола, кои беа средства за ануитети на терет на Буџетот за 1961 и наредните
години. Предвидено беше Домот да се ѕида во четири етапи, од кои двете беа готови, а третата и четвртата не беа изградени.
За оформувањето на последните две етапи, се предлагаше Домот да се прошири со следните простории:
Антитуберкулозен диспанзер со 10 простории (одделенија);
Кожно-венерична амбуланта со 4 простории;
Хируршка амбуланта со 4 простории;
Очна амбуланта со з простории;
Брза помош со 3 простории;
Општа амбуланта со 5 простории;
Гинеколошка амбуланта со 3 простории;
Забна амбуланта со 5 простории;
Заботехничка лабораторија со 4 простории;
Сала за библиотека и конференции;
Лабораторија со две простории;
За канцеларии, 5 простории;
Санитарна инспекција со две простории.
Покрај горе наведените простории кои би биле во рамките на постоечката зграда, потребно беше, да се изгради како засебен објект и гаража за 4 автомобили и стан за чуварот, како посебен дел. Антитуберкулозниот диспанзер требаше да има: една просторија за картотека, просторија за рентген апаратот, мрачна комора, амбуланта, чекална за возрасни, чекална за деца, соблекувална, лабораторија, БСЖ центар и лекарски кабинет.

Кожно-венеричната амбуланта требаше да ги има следните простории:
чекална, просторија за преглед, соба за гинеколошка столица и соба за картотека.
За Хируршката амбуланта се предвидуваше да има просторија за амбулантни прегледи, асептична просторија, просторија за стерилизација и
гипсална.
Очна амбуланта требаше да има просторија за оптометрија, просторија за амбулантни прегледи и просторија за мрачна (темна) комора.
Брзата помош се планираше да има просторија за лекарот, просторија за сестрата и просторија за превивалиште.
Општа амбуланта со две простории за преглед, две простории за администрација, просторија за картотека и чекална.
Гинеколошка амбуланта со просторија за советување на трудници, просторија за гинеколошки преглед, просторија за лабораториски прегледи и картотека.
Забна амбуланта со чекална, просторија за прием и тријажа на болните, просторија за ординација со 5 столици, соба за работа со гипс, просторија за
администрација и просторија за магацин.
Заботехничка лабораторија со две простории за работа, една за
гипсална и една за магацин.
Салата за конференции и библиотека треба да биде подесна за развивање културна дејност и одржување работни конференции.
Предвидените простории за лабораторија треба да одговараат на нивната намена.
Санитарната инспекција се предвидуваше да има две канцеларии кои ќе бидат поврзани со другиот административен центар во зградата.
За да се создадат услови за нормално функционирање на ДНЗ, според потребите, неопходно беше во него да бидат застапени сите служби,
предвидени за таква здравствена установа. Ако се има во предвид дека оваа установа, со сите специфични амбуланти кои требаше да бидат застапени во
неа, беше наменета за потребите на еден голем град, каков што беше Битола со својата голема околија, нема сомневање за оправданоста на превземената
постапка, објектот да се прошири и догради.
Зградата во која беше сместен ДНЗ, беше наменски градена за таа цел во текот на 1948-1949 година, но не беше довршена. Според проектот за тој објект, ѕидањето требаше да се одвива во четири етапи. До 1950 година беа созидани двете етапи, според тогашниот проект, на третата етапа и беа поставени темелите и подрумските ѕидови, а четвртата етапа не беше ни
започната.
Локацијата на доградениот дел, како и обликот на објектот, не би
зависел од изградениот дел, според поранешните предвидени контури на целиот проект изграден во сите четири фази.
Сите главни влезови на зградата беа предвидени од споредната улица на северо-западната страна, која е повлечена паралелно со улицата “Иван
Милутиновиќ“, а делот на ул.„Иван Милутиновиќ” е влезот во Детскиот диспанзер со двориште уредено во зеленило.
Домот беше проектиран зависно и во склоп со постоечкиот дел од
објектот. Детскиот диспанзер и просториите на физикалната терапија, беа оставени Во изѕиданиот дел-крило кон ул.„Иван Милутиновиќ”, а во новиот
дел и останатиот изѕидан дел, распоредот на службите беше следниот:
а.)Во приземјето на североисточниот дел во новото крило, сместен беше Антитуберкулозниот диспанзер, а до него, во долгото крило, Брзата помош. На левата страна од влезот беа Очната и ушната амбуланта, а во попречното крило хируршкиот и кожно-венеричниот оддел.
Покрај главниот влез на двете новопредвидени крила, се предвидуваа посебниот влез
водеше посебни влезови.
На левото крило во Антитуберкулозниот диспанзер кој беше одвоен од останатите оддели, а влезот на десното крило беше за хируршкото и кожно-венеричното одделение.
Главниот влез водеше во останатите одделенија и кон главните скали за спратот. За секаква евентуалност и поблиска врска со останатите одделенија
на спратот и подрумските простории, во десното крило беа изградени споредни скали кои водеа на спратот и приземјето.
б.)Први спрат. Во левото крило беше сместено Забното одделение, а до него, во долгиот крак Заботехничко, Гинеколошко, Општата амбуланта и
Амбулантата за социјално осигурени пациенти, а во десното крило Школската
амбуланта. Ново проектираниот дел со бочните две страни, завршуваат со тераса кров. Овој дел беше четвртата етапа за ѕидање, а третата се предвидуваше во висина на постоечката зграда уште со еден спрат.
в.)Вториот спрат се предвидуваше со административен дел, сала за
два оддели, конференции, пет канцеларии, санитарна инспекција со лабораторија и помошен персонал.
г.)Подрумските простории и во стариот и во новиот дел беа искористени на следниот начин: во левото крило беше магацинот на забното одделение и магацинот за дезинфекциони средства. Постоечкиот дел, со новиот недовршен дел беше за Котларницата, со две одделенија за јаглен, потоа перална, сушална, одделение за пеглање и одделение за спрема. Во десното, ново проектирано крило, се предвидуваше сместувањето на машко и женско
капатило со тушеви и машка и женска соблекувална, како и магацин за чистиот веш.
Домот беше проектиран за доѕидување на изградените последни две етапи во склоп на постоечкиот дел, а спрема контурите на поранешниот
проект. Зградата беше во облик на дупло “Т”. Средниот дел одел во висина на приземје и два спрата, а крајните крила завршувале со приземје и спрат со равна армирано бетонска плоча во вид на тераса.
Од тие причини, заради немање доволен простор, Градската
поликлиника не можеше да отвори Очна амбуланта и да го ангажира хонорарно очниот лекар од болницата и покрај тоа што потребата од постоење таква специјалистичка амбуланта во градот, беше огромна.
Особено тешко беше навременото извршување на забоздравствените услуги, заради недоволниот број стручен кадар, големиот број на пациенти кој се зголемува уште повеќе со тоа што во овие амбуланти забна помош и нега
добиваа и војниците од Битола, а голем прилив на пациенти имаше и од битолските села. Затоа се наметнуваше итна потреба од проширување на
забната амбуланта со повеќе стручни кадри и повеќе стоматолошки столици. Со тоа ќе се избегнеше повеќемесечното чекање за извршување на забоздравствените услуги и постојаното незадоволство, кое произлегуваше од сето тоа.
Друг сериозен проблем за решавање, наметнуваше Школската амбуланта, во која беше ангажиран само еден лекар, кој требаше да ги згрижува сите ученици од основните, нижите и средните училишта и да обавува систематски прегледи. А нивниот број беше многу голем. Затоа се предлагаше да се формира една школска поликлиника, со поголем број на лекари и помошен медицински персонал, за да може да се врши здравствена евиденција за ученикот од првото одделение на основното училиште до крајот
на неговото образование. Неопходно потребно беше воведувањето на картотека за да се следи здравствената состојба на пациентите.
Советот за Народно здравје и Социјална политика на Владата на НРМ во Скопје, беше посебно ангажиран на тој план и на 31.12.1952 година испрати
писмо, до Советот за Народно здравје и Социјална политика на Битола, во кое се бара отворање на Школска поликлиника. Писмото го образложи д-р
Продром Папа Симеон, како член на Советот за Народно здравје во Народниот одбор на Градската општина. Тој истакна дека идејата е многу добра од повеќе причини:
Систематските прегледи кои се вршат по училиштата од хонорарни лекари не можат да дадат онакви резултати, какви би дале прегледите во школската поликлиника, каде движењето на здравствената состојба на
учениците, ќе се прати со помош на картотека, во текот на повеќе години.
Стручниот персонал потребен за школската поликлиника, според
мислењето на д-р Продром “во Битола го има доволно”. Тој понатака предложи Школската поликлиника да биде сместена во зградата на Здравниот дом, во
просториите каде што е забната лабораторија, а таа да се пресели во некоја друга зграда, бидејки е претпријатие и не е неопходно да биде во зградата на Здравниот дом. Од тие простории “една одаја да служи за прегледи, една за рентген апаратот и една за забна амбуланта на школската поликлиника.”
Советот се сложи со предлогот за отворање на Школска поликлиника во зградата на здравниот дом, која за почеток ќе има еден постојан лекар.
Советот за Народно здравје и Социјална политика на Владата на НРМ со писмо бр.38 од 31.12.1952 година, донел одлука во Скопје да се отворат две
школски поликлиники, а во останатите 9 града во Републиката да се отворат
школски поликлиники со по еден постојано вработен лекар.
Д-р Продром побара финансиски средства од Советот за Народно здравје на Владата на НРМ, со писмо од 17.01.1953 година, за отворање на школска поликлиника, но му беше одговорено дека таквите средства спаѓаат во делокругот на работата на Народниот одбор на градската општина. Кога точно беше формирана Школската поликлиника не знаеме, но со сигурност знаеме дека во 1958 година таа работеше и се состоеше од следните работни единици: школска амбуланта, отсек за систематски прегледи на
учениците, забна амбуланта за деца и ученици и лабораторија, како и интернатски и школски амбуланти од затворен тип.
Советот за Народно здравје и Социјална политика на градската
општина во Битола, во текот на 1952/53 година, го сочинуваа:
Ѓеорги Христовски, претседател, одборник и секретар на Кожарата, со средно образование;
Д-р Продром Папа Симеон, член, граѓанин, шеф на лекарите на Здравниот дом, Више образование; Хаџи Селим, член, одборник, Управник на детски јасли, одборник. Управник на Старски дом. Има завршено VIII медреса; Катерина Хололчева средно образование; Д-р Петар Анастасов, член, одборник, лекар. Управник на Епидемиолошка станица; Ристо Литовски, член, граѓанин, службеник при Народниот театар, средно образование;
тојво Фана Талева, член, одборник, домакинка. Завршила I разред гимназија;Ристо Божиновски, член, одборник, судија во Окружен суд, абсолвент
на Правни факултет; Тодор Наумовски, член, граѓанин. Управник на Општа болница, ниже образование, член на КП.
На седницата на овој Совет, одржана на 21.12.1953 година, покрај другото, беше одобрено времено преместување на Антитуберкулозниот диспанзер од зградата на Здравниот дом, во бараките каде порано беше
сместено Средното медицинско училиште. Советот го одобри преместувањето, затоа што не прети опасност по здравјето на населението од неговата
непосредна близина, бидејки диспанзерот не е од стационарен тип. Во него ќе се вршат само прегледи.
Во текот на своето повеќе годишно постоење, Домот за народно здравје често пати беше, во поедини негови делови, реконструиран, прошируван или доградуван, според потребите на поедини служби. Тоа особено зачести при крајот на 20-от и почетокот на 21-от век, кога со таквите зафати се обезбеди поголем простор за некои служби, а се формираа и нови
служби, се направи современа операциона сала за орална хирургија, нови простории за Брзата помош со дневна болница, чија потреба одамна се
чувствуваше и др.