Низ процесот на звукот, преку објективот на фотоапаратот, до сетилата на оној кој ќе ја доживее. Станува збор за мултимедијална изложба од неколку фотографии, од урбаниот живот на Битола, која ќе можете и да ја слушнете.

Симбиозата на звукот, пренесен преку фотографија, ќе биде уникатно доживување за секој кој ќе ја доживее, односно види и чуе. На секоја од фотографиите ќе биде поставена и аудио опрема, со која ќе имате можност да ги чуете фотографиите.
Целта е да се пренесе и доближи градскиот дух, во Палатата на културата во Битола, но и многу пошироко, на социјалните мрежи, а воедно и промовирање на Битола надвор од границите на државата.
Како автори на овој проект се потпишуваат Никола Тргачевски, Александар Котевски и Мими Марковски.

Оваа изложба е закажана во Офицерскиот дом на 3 ноември во 20:00 часот, влезот е слободен.