За време на Првата светска војна (1914-1918 година), Битола била постојано бомбардирана од сите војски кој биле стационирани на линијата од фронтот. Во тој период во Битола за санација на последиците од бомбардирањето, како и гладот и сиромаштија кај населението помагаа групите на Црвениот крст на САД, Велика Британија.

Една од овие активности е и преселба на група на деца сираци од Битола во Велика Британија. За таа цел децата преку Лерин биле пренесени во камповите во Солун, а од туку со брод беа пренесени во Бирминген.

Според одредени информации дел од овие деца покасно се вратиле во Битола.
Овие фотографии се дел од брошура за судбината на децата од Југославија, а меѓу нив многу се и деца од Битола.