📅 23-ти Март – сабота
🕙 12:00 часот
📍Саат кулата – Битола

Драги пријатели,

Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме на одбележувањето на нашиот значаен јубилеј, дваесет години од постоењето на Спортско качувачкиот клуб „Вертикал“ – Битола.

СКК Вертикал е активна и успешна идеја што постои од 2004 година. Станува збор за спортски клуб кој во своето дводецениско постоење остави длабоки траги во спортската култура не само во Битола, туку и низ цела Македонија, особено во полето на качување на карпи. Вашето присуство на овој наш значаен јубилеј, заедно со членовите на СКК Вертикал, ќе ја збогати заедничката прослава.

Ја користиме оваа прилика да Ве поканиме на заедничка дружба што ќе опфати забавно рекреативни содржини од јавен карактер. Покрај останатите активности, една од најинтересните со ревијален натпреварувачки дух, ќе биде: КАЧУВАЊЕ НА ГАЈБИ. Деталите нека бидат изненадување, а секако ќе има и некое пакетче за најдобрите.

Главен покровител на настанот е пивара Бакревски со нивното веќе познато пиво „БАК“. Благодарност и до Општина Битола што овозможи да го користиме јавниот простор за овој настан.

СКК Вертикал