Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да направи подвиг. Во првото историско учество на Ф4-турнирите во СЕХА-лигата, „зелените“ од Битола доживеаја висок пораз од унгарски Веспрем (41-27) и ќе мора да се задоволат со меч за третото место во регионалното натпреварување. Ривал на пелистерци во битката за бронза во малото финале ќе биде хрватски Нексе, додека Веспрем за СЕХА-титулата ќе игра со ППД Загреб.