Ул. Младински Бригади 7, 9 и 11 наспроти ОУ Елпида Караманди. Имав 6 год кога се преселивме од село Лавци во оваа зграда и почна мојата животна приказна. Стево, шофер во Транскоп камионџија, Драгица, шивачка во Трикотажа Пелистер. Со дедо ми баба ми бевме 6 во станот. Детство со нови другари и игри како БИЛИИ, КАМАЈ, ДОЛГА МАГАРИЦА, ЈАНИНА СЛАНИНА, ЃАОЛ, КУКУ, БРКАНИЦА, КУКУ-ПЛАН, СЕРВА, ФУДБАЛ, И ДР. Детство без грижи каде преовладуваше другарството, седенките пред зграда, насмевките, радост и безгрижност. Сите бевме исти, немаше богати, немаше злоба, љубомора и завист. Цел ден пред зграда и зад зграда.

– Маамоо, ај намачкај ми едно лебче! -Фрли ми јакна ми студи…

Ми фали чичко Борче Папирот кој секогаш не гледаше од тераса – татко му на Емил, мудростите и седенките со чичко Љупчо – татко му на Мирче и Кире и др. Постарите од нас кои ни беа идоли- Роџо, Бале Бакарот, Сашо Шефот, Аце Размата, Јовица маториот, Ристо, Фирмата, Ирена, Наташа… Ние: Јове Чавката, Менде Мензата, Зоран Зрла, Павлина, Пеце Шеската и сестра му Весна, Емил Папирот, Мирче и Кире, Мучата, Ило Огненов, Васко и Никола Шарковски, Вангел и Петар Прчевски, Горан Чмарфот, Олег и Полина, Фанчето, Мирче од Шведска, Магдалена, Ана ,Оливера, Елена Шкипова, брат му Крсте… Можеби изоставив некој, потсетете ме во коментар Ми недостигаат тие времиња…

Никола Аврамовски