Темата „дембел* беше повод да ја позајмиме и на наш начин да ви ја раскажеме народната приказна: “Дембел на царштината.
Пред двеста години султанот решил да го пронајде најголемиот дембел на царштината. Преку своите гласници ја информирал рајата и го започнал натпреварувањето. Во царштината живееле и опстојувале многу дембели. Конкуренцијата била многу голема. Сепак во финалето се пласирале Цариградскиот и Битолскиот дембел. Се водела голема битка. Комисијата никако да донеси решение. И двата биле големи дембели. Го информирале и
султанот па тој го напишал следниот ферман:

Да се земат Цариградскиот и Битолскиот дембел да се затворат во една голема одаја. Да им се носи јадење и пиење колку што сакаат. Кој прв ќе зборни ја губи титулата.
Речено-сторено. Арно ама на дембелите им дошло тамам. Јаделе – пиеле – спиеле но уста не отворале.
Тогаш султанот наредил да се запали одајата. Речено- сторено. Гавазите ја запалиле одајата. Кога почнало да гори ни едниот ни другиот уста не отвориле. Арно ама на Цариградскиот дембел прв му дожежило па морал да речи нешто: ДАЈ ДА БЕГАМЕ- ГОРИМЕ.

На тоа Битолскиот дембел му рекол:
HE TИE MAKА ШО ЗБОРАШ!

И така Цариградскиот дембел ја изгубил битката. Битолскиот дембел бил прогласен за Дембел на царштината. Од тогаш па навака во Битола дембели колку да сакаш.
Бе!

Извадок од БЕЗ НАВРЕДА, магазинот за хумор и забава бр.106/2020г.