Германска дозвола за патување на битолчанецот Иван од 28 април 1941 година. Интересен е форматот на документот па кај овој човек е пречкртано “Macedonien” и е додадено Хрват.
Можеби некој има повеќе информации за ваквите документи.

Дозвола за Господинот Иван (презимето нечитливо)за патување од Битола за Хрватска Загреб . Општината на градот Битола го познава горе именованиот лично и му овозможува низ секоја управа слободно враќање да му се овозможи .Има право сам да патува . Одобрено под услов да не се враќа назад во Битола .
Потпис од градоначалникот и од командантот на Битола . (Томе Настевски)

Битола стари фотографии