Ова е Битола после бугарското гранатирање на градот за време на Првата светска војна.

Во Првата светска војна во Битола биле убиени 4224 цивили, претежно жени и деца. Имало 545 ранети, 647 згради и 216 куќи станале рушевини, 696 згради и 119 куќи биле оштетени, 845 запалени. Податоците се објавени во книгата „ Битола- најбалканскиот град во Првата светска војна“, промовирана на научниот симпозиум во Битола по повод 100 годишнината од крајот на војната.

Во книгата, францускиот истражувач Бернар Лори посочува дека градот бил годен со гранати со голем калибар кои предизвикувале голема материјална штета, како и со бомби со отровен гас. Бомбардирањата започнале на 20 ноември 1916 година и до 31 декември 1917 година бројката достигнала 13 415 гранти. Некои денови биле користени истовремено експлозивни, запаливи и гранати со отровни гасови. Битола по Верден била најбомбардиран град, па од таму и името град страдалник.