„Битола, која се наоѓа во Румелиската област, е хас на Фатма Султан, ќерка на султанот Ахмед Хан. Со градот управува војвода. Во него има шејхулислам, накибулешраф и претставува шериф кадилак…

Инаку, Битола е седиште на спахиски ќетхуда, јаничарски сердар, градски војвода, емин-баждар, градски ќетхуда, мухтесиб-ага, баждар и мимарбаш, односно градски архитект.

Во битолската чаршија избројав 900 дуќани. Во истата се познати чикрикчиите и терзиите. Во Битола има вкупно 40 кафеани. Безистенот е цврст небаре тврдина, со железни порти и украсени кубиња, па претставува мошне убава градба.

Бројни се книжевните големци во градот. Поетите и заљубените своето време го минуваат во кафеани и озборување, каде што има луѓе со необични чалми небаре птичји гнезда и танчерки кои на својата половина имаат обесени шарени ленти со ножеви.“