Мал дел од историјата на боксот во Битола.

Битолчанецот Владимир ( Владо ) Мајковски (Мајковић) во Битола попознат како Ладе Варџијата по татко му кој правел вар. Тој во 1929 година неколу години бил во далечната Аргентина каде навлегол во боксерската вештина. Во 1936 година тој во Битола, во „ СОКОЛАНАТА “ (Фискултурниот дом ) боксовал против еден боксер од Албанија, можеби се викаше Рафел Дешница, мечот заврши нерешено. Тој е највероватно прв боксерски меч одржан по боксерски правила. В. Мајковски имал и два боксерски меча со Секулиќ од Прилеп во 12 рунди и двата завршиле нерешено. Мечевите на Владо Мајковски одржани во Битола се сметаат за почеток на боксот во Битола.

Благодарност до Стефан Чекутков за овие вредни информации, во прилог објавата од весникот Правда од 5 март 1938 година ,со вредна фотографии од изгледот на овој за нас речиси непознат боксер.
Се надеваме дека во инднина ќе најдеме уште информации за спортот во градот во минатото.