Еурофарм Пелистер ја оствари целта. АЕК Атина „изгоре“ во битолскиот пекол (30-19) и со втората победа во меѓусебните пресметки над овој ривал сезонава битолчани како второпласирани во групата патуваат во следната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Натпреварот помина во коректна и фер атмосфера без никакви проблеми или провокации од домашната и странска публика која броеше некаде од околу 50 навивачи.