Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на денешниот состанок потврди дека Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за да игра во Лигата на шампионите наредната сезона поради неисплатени договори на поранешни играчи.

Како што пишува Гол.мк Вардарци не ги испочитувале роковите за подмирување на долговите и платиле само дел од финансиите, што е неприфатливо за европската ракометна унија.

ЕХФ жали што мораше да го преземе овој чекор со двојниот европски првак. Засега останува дилема кој ќе го пополни местото на Вардар. Дали шанса ќе добијат балканските екипи кои аплицирале за „вајлд-карта“ или тоа ќе биде македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.