БЛАГОДЕТИТЕ И СОВЕТИТЕ ОД

Дискус хернијата е еден од најчестите здравствени проблем со кој се соочуваат поголем број на луѓе. Најчесто се јавува како резултат на неправилни и неприродни движења на ‘рбетниот столб, најчесто во пределот на лумбалната кичма, односно крстот. Народски кажано едно невнимателно наведнување кон напред и подигнување на поголема тежина која и не мора да биде кој знае колку голема, може да доведе до изместување на дискусот од неговото лежиште и да се појават сериозни болки. Таа може да се појави во кој било дел од ‘рбетот, но најчесто се јавува во лумбалната кичма.

Исто така една од причините може да биде дегенеративниот процес, телесната тежина но и слабата физичка активост и долгото седење за време на работа.

Меѓу пршленските тела на ‘рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела- дискуси се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на доста чести повреди. Најновите истражувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси. Со намалување на еластичноста на дискусот се зголемува веројатноста тој да попушти или истиот да прсне, при што се изместува од својата природна положба и врши притисок врз околните структури, а тоа се ‘рбетниот мозок и корените на нервите кои излегуваат од ‘рбетниот мозок во близина на пршленски тела и меѓупршленските дискови.

Најчесто се јавува болка која трае 4-5 или 7 дена.
Пациентите се јавуваат на физиотерапевт, физиотерапевтот прави детален преглед и врз основа на истиот дава дополнителен совет да се направи РТГ или Магнет.
По направениот увид во дијагностиката се одредува и физикална терапија.
Најчесто физикакната терапија се дава во рана фаза и истата е во времетраење од 10 до 15 дена, додека кај веќе потоечка дискус хернија терапијата може да трае и во две или три сесии по 10,15 и 21 ден .
Процесот на лекување е индивидуален и истиот зависи од самата состојба на пациентот но и правилното ординирање на терапијата.
Најчесто терапијата треба да трае 30 минути 3 пати неделно каде се вклучуваат методи на лекување со медицинска масажа, киропрактика и медицинска екстензија.
Некои колеги и колешки користат и електротерапија, но во ваквов случај кај оваа заболување најдобро е целта на лекувањето да биде по мануелен и манипулативен начин.

Совет и мислење од физиотерапевт:
Внимавајте на телесната тежина, почитувајте ги протоколите на правилно лекување и бидете физички активни барем 2 до 3 пати неделно.
Помладите лица кој што вежбаат во теретана ,задолжително за време на тренингот да користат заштитен појас за тежина.
Доколку имате болка која трае повеќе од 7 дена, веднаш консултирајте се со доктор-физиотерапевт.
Правете редовни контроли кај физиотерапевт и грижете се за себе и свето здравје .
Човек нема ни еден проблем додека нема проблем со здравјето, кога има проблем со здравјето тогаш се јавува 101 проблем.

Дипломиран: физиотерапевт, Илија Жежов од Битола.
Центар за физиотерапија, масажа и вежби ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ