Битолчанката Рајна Алексова во 1902 година со воз заминала за Швајцарија, каде се запишала на Фармацевскиот факултет во Лозана. Дипломирала четири години потоа, на 17 јули 1906 година, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.

Со гордост се претставувала дека е Македонка. Во нејзината диплома издадена во 1906 г. од швајцарските универзитетски власти напишана на француски јазик стои дека Рајна Алексова по националност е Македонка.

Приказната заедно со куќата од нејзината фамилија е дел од книгата „Приказните на Широк сокак” која можете да ја набавите во Кафе Бар Портал 2 карши Паско и во BOOK HOUSE до Кафе Бар Општина.