Негде ќе те премолчат,.
негде ќе те сокријат,
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна,
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш…

….се стиховите од песната „Заветна“, кои ги напиша Георги Барбаровски, а неговиот брат Миле Барбаровски е автор на музиката кои по потекло од с.Дабиле, Струмица, песна која прв пред 30-тина години прв ја отпеа битолчанецот Пепи Бафтировски.

Покрај „Заветна” во неговиот опус се и антологиските „Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам” и ,,Сине мој”.

Пепи е роден 1941 г. во Битола и живееше во долниот дел од битолската Стара Чаршија и пазарот. Почетоците на музичката кариера ги започна пеејќи во живо на емисиите на Радио Битола. Почина 2008 во Чикаго, САД каде е и погребан.

До ден денес град Битола не го има испочитувано неговото Име и дело дали со име на улица, споменик или спомен соба. Неговите песни беа препеани единствено од страна на 12 пејачи за „Незаборав 2012” и Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect во 2023 г.

Голема благодарност до Панде Димитровски