Цела недела битолчани жи- е
веја во голем страв. Последните
разбиени војски на побеснелиот Хитлер, бегајки од Грција, врвеа низ нашиот град. По краиштата на градот и по некои близки села почнаа да пљачкат. Последните дни фатна да горат магацини, складови и да подпалват муниции, да расипуват мостови, и други обекти. Се зборваше дека во Битола имало складирано толку многу мунициа, што ако биди подпалена, би го уништожила целиот град. Битолчани со трепет на срцето чекаа окрвавените ѕверои да пристапат кон това дело.

На трети ноември објавиа на грагјаните да се затворат по своите кукји уште од два сатот по ручек, и ако некои се најди ведношка на улица ќе биди застрељан. Градот заприлича на мртоец. Народот седеше по кукјите со голем страф, дека секоа минута можеше да на стапи големо зло-подпалуење на мунициата. Нокта, трети спроти четврти ноември беше нарочно страшна. Никој не затвори очи цела ноку. Сите чекаа да се случи нешто, или кје го минират градот или кје се случи нешто што ке ги прекрати дотогашните маки. Во такво положение битолчани го дочекаа 4 ноември 1944 г. Во рано утро, одеднуш, камбаните на сите цркви започнала да биат. Нивните гласои се разносваја како блага вест над целиот град и влива радост во душите на сите битолчани. Тие гласови, неслушнати цели три години, или слушнати како знак за тревога, од воздушен напад, го известуеа народот оти настапуе нов ден – нов живот. Ѕвснењето на камбаните обавестуеше најрадосната вест да влегуат во градот синовите на нашиот народ, – партизаните. Заочнаа да грмат пушки и шмајзери Битолчани почнаа да излегуат од домовите на улица со китки цвекја и развеани црвени знамина, за да ги дочекаат и закитат своите синови. Сите прозорци и балкони одеднуш се закитиа со црвени знамиња со жолта петокрака ѕвезда. Денот беше облачен и намуртен. Росење. Но народот одушевљен остана по улиците. На сетне и времето се поднае смеа малку. Сонцето успеа да ги разгони облаците и да угреи на Битола светло и чисто како измиено. Како и то да се радвеше со целиот народ. Се, то заедно, известуеше дека во животот на Битола, во животот на цела Македонија, настапуват нови дни слободни дни. СЛОБОДА!

Трпе Вељаноски, весник Пелагонија 4-ти Ноември 1945 г.