ADCC Софија 2023 во конкуренција од 350+ борци од Бугарија, Грција, Романија, Италија, Кипар, Данска, Македонија и уште многу други успеавме да имаме БАЛКАНСКИ ШАМПИОН до 76.9кг. , Бојан Милески со 100% ефектен настап и 4 победи против два противници од Бугарија и два од Грција , без ниту еден изгубен поен и со доминантно борење каде сите противници ги доминираше со одлична takedown game и супер контрола во партер со притисок и во една борба полуга на рака (armbar).

Сите тројца наши противници имаа добар настап, Филип Божиновски одработи екстра добра прва борба каде ја доби со гушење,а во втората имаше доста сериозен противник со кого одработија супер борба и АDCC правилата беа клучни за победата на противникот со тоа што статистички Филип имаше едно рушење во првиот дел кога не се бoдува и три квалитетни напади за завршница на кои овај пат Руси Минев добро ги одбрани ,а со неговото рушење во делот на бодување ја доби борбата.

Игор Додевски овај пат немаше спортска среќа и не беше негов ден и загуби во прва борба 2-0 со изгубено рушење во делот на борба за бодување.

POUND FOR POUND MACEDONIA

Изразуваат благорност до нивните помагатели без кои овај голем успех за нив немаше да биде реалност:
HELIOS MEDIKAL Скопје и г-дин Александар Генчов, URBAN PLANNERS Гостивар и нашиот брат г-дин Томислав Белич ,за нашиот пријател и бизнисмен од Софија Даниел Георгиевски и неговиот хостел Морето и Кафето, KROMBERG &SHUBERT и сите подржувачи во нивната приказна.