Уште од неговите почетоци во 2014-та година кога битолчанецот Валентин Дамчевски ја доби неговата животна шанса со неговиот текст да работи на претстава под режија на Софија Ристевска, и така се до ден денес, Интимен театар за нив е нивниот дом, нивното спасувачко место за идентитетот на една индивидуа во општеството и простор не само за креативен, туку и емотивен, социо-психолошки и едукативен развој.

За жал тие веќе 4 години како ИНТИМЕН ТЕАТАР не добиваат никаква поддршка од Министерството за култура.

Преку нивното видео обраќање тие апелираат до Министерството за култура и до комисиите од различните дејности да не се расцепкува и така малиот буџет на милион мали порции, за да се доделат на нереални организации, организации без биографија и продукција, а да се укрупнат грантовите и да се дадат на реалните чинители на независната културна сцена, како во главниот град, така и во внатрешноста на државата.

БИТОЛА ЗАСЛУЖУВА ДА ИМА МЛАДИНСКИ ТЕАТАР!