Јубилејна #50 Критична маса: Приклучете се и вие на 28 јуни во 18.00 ч.!

од June 26, 2018 0 коментари

Приклучете се со вашиот велосипед и поддржете нé!!

Mотиви за Критична маса се:

– Промовирањето на едно од најпрекрасните превозни средства за урбан транспорт на денешнината

– Директно влијание кон намалувањето на енормното загадување во нашиот град

– Нудење на евтини алтернативни решенија за растеретувањето на пренатрупаниот центар од коли кои од средство за побрз траснспорт се претворија во својата спротивност т.е. главен кочничар на транспортот во градот и се еден од главните загадувачи во Битола

– Преземање на активности со цел обезбедување на вело инфраструктура (паркинзи, знаци, патеки…) кои ќе го поттикнуваат овој тип на превоз во нашиот град.

28 јуни (четврток) 2018 г. во 18.00 ч. Плоштад Магнолија

Битола на точак

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *