Меѓународниот Ајстедвод, музички фестивал во
Ланголен е еден од најголемите традиционални Ајстедвод фестивали кои секоја година се одржуваат во Велс, Велика Британија.

Првото издание на фестивалот било во 1947 година. Денес овој фестивал е еден од најголемите светски музички фестивали. Изминатите 70 години на овој фестивал учествувале повеќе од 300 000 учесници од над 100 земји во светот.

На сцената во Ланголeн покрај големите светски музички ѕвезди како Лучијано Павароти, Најцел Кенеди, Џоан Сатрленд, Хосе Карерас, Лесли Гарет, Пласидо Доминго, Монсерат Кабалје и многу други настапиле и Културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола.
Првиот настап на хорот на КУД „Стив Наумов“ на сцената во Ланголeн бил во 1967 година, под
диригентство на Михајло Николовски.

Следниот настап на битолските користи во Ланголен бил во 1982 година, под диригентство на Љубомир Трифуновски. Она што е најважно е што македонските претставници побудиле голем интерес кај публиката, организаторите, музичките работници. Впрочем, документацијата е тука да го посведочи тоа…

Државен Архив Одделение Битола дел од изложбата за Локум фест 2021 г