Хеликоптер со ски и ракета со мотор од правосмукалка за Новогодишната ноќ во 1963 година летале над Широк Сокак. Ваквата новогодишна атракција со своите макети ја приреди мајсторот no воздухопловно моделаторство Бранко Поповски-Сениор (1926-1966). Починал на 40 години, имал краток живот но со големи идеи. Битолчани cé уште го паметат по неговите макети од воздухопловството и љубовта кон летањето и падобранството, но и по најнесекојдневната Нова година организирана досега на Широк Сокак. За среќа семејството на Поповски ја зачува црно бела фотографија со хеликоптерот и ракетата на Широк Сокак па ја споделија со нас.
~ На татко ми му беше предложено да направи некој експонат за пречекот на Новата 1963 година. Тој се одлучи за градба на макета хеликоптер со ротирачки елипси и вградени два електромоторо. Исто така одлучи да направи летачка чинија од каширана и обоена хартија. Изработените макети ги прегледа стручна комисија која одлучи дека се добри за да бидат изложени во централниот дел на градот поточно на крстосницата пред денешен “Епинал” раскажува Перица Поповски син на Бранко-Сениор.
Истовремено за доработка му бида дадена и макета од ракета изработена од паралелка во основното училиште „Тодор Ангелевски“.
Мојот татко одлучи во неа да ја вгради нашата домашна правосмукална која беше штотуку купена и во тоа време беше многу скапа. Правосмукалката беше приспособена да дува за да ги разбранува хартиените ленти и да има поголем ефект. Двата експоната беа подигнати од страна на противпожарната единица а татко ми ги следеше активностите. Околу макетите имаше мали светилки што навечер даваа посебен сјај- додава Поповски.
Бил постигнат голем ефект, а интересот на граѓаните бил огромен. На Широк Сокак немало место каде да се помини од насобран народ. Сите се воодушевувале на леталата, само синот и сопругата на Поповски чекале да се приземјат.
Мојата загриженост беше за скиите што ми ги зеде и ги стави на хеликоптерот, а беа германски и се очекуваше да падне снег. А мојата мајка беше загрижена за правосмукалката вградена во ракетата се присетува синот.
Поради ваквата напредна идеја градската управа одлучила да го награди со паричен надомест. Тој и претходно изработувал макети на летачки чинии, амфибии, ракети, ракета нa камион, а хеликоптерот бил еден од неговите последни проекти бидејќи веќе следната зима се разболел и починал во 1966 година.
Бранко Поповски-Сениор љубовта кон воздухопловството го следела уште од младешките денови. Како млад бил згрижен во интернат во Белград каде што се наоѓал поголем дел од воздухопловннот кадар во поранешна Југославија и фабрички капацитети, па престојот го искористил за запознавање со техниката. Воениот рок го отслужил во Ниш во воздухопловната падобранска бригада. Потоа завршил обука за пилот едриличар, падобранство, за моделарство, а заедно со неговата сопруга Нада посетувале курсеви за напредни конструкции. Бил и член на битолскиот Аероклуб. а животот го посветил на едукација на млади кадри во областа на воздухопловното моделарство во Пионерскиот дом, училиштата д-р Трифун Пановски и Браќа Миладиновци во Битола.
Но раната смрт ја прекинала неговата иновативност и посветеност на воздухопловството. На неговиот noгреб колегата Владо Трајковиќ цело време ја надлетувал погребната поворка со авион од типот ПО-2.
Љубовта кон воздухопловството ја наследиле неговите синови и внуци. Едниот син Перица. нашиот соговорник е воздухопловен моделар, другиот Никола е инжењер за авионска елентроника во САД. Внуците исто така се воздухопловни моделари, а едниот од нив Бранко. кој го носи името на дедото e дипломиран воздухопловен инженер наставник по едриличарство н пилот во АРМ.
фотографии Перица Поповски, текст Жанета Здравковска “Дневник”
Повелете на нашиот настан “Аеро зависници” на 03.12.2017 г. (недела) во Кафе Аеро кај Офицерски.