Македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник беше подобар во двата натпревари со литвански Гранитас Каунас и обезбеди осминафинале на Челинџ Купот. Битолчани не беа носители, а ждрепката му донесе еден од најтешките можни ривали, Филинген од Норвешка.

Првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Купот ќе се игра на 10/11 февруари во Битола, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Скандинавија.

Ако успеат да го минат норвешкиот тим, „фармацевтите“ ќе се пласираат во четвртфиналето на Челинџ Купот.

rkeurofarmrabotnik.com